Популарниот актер Милош Биковиќ имаше уште една непријатна ситуација во серија, пренесува република.рс.
На еден Инстаграм профил се појави фотомонтажа од лажни вести дека по актерот е распишана потерница, поради што тој веднаш реагираше на својот Твитер профил. Биковиќ ја објави оваа лажна вест, придружена со негова слика со лисици и и се обрати на јавноста со следните зборови:
-Не паѓајте на тоа. Измама. Уште една лага се продава. Бидете внимателни и предупредувајте ги другите – рече Биковиќ.
Поради неколку непријатни ситуации, Милош и се обрати на јавноста преку Твитер, а неодамна се запраша кому му пречи, па за него се шират лаги. Не се знае дали овој налог е само нечија несолена шега или некој сериозно го таргетирал актерот. Вакви фотомонтажи се правеа за многу јавни личности, меѓу кои беше и Новак Ѓоковиќ.