Достапноста на оружјето до деца на малолетници и обучувањето на децата да ракуваат и употребуваат огнено оружје е многу тешко кривично дело. Родителите несвесно ги обучуваат своите деца да ракуваат со огнено оружје, не претпоставувајќи дека неговото дете може да стане убиец, смета Љубомир Ѓурчески, магистер по безбедност и криминологија, коментирајќи го случајот со масовното убиство во училиште во Србија.
„Затоа и јас реагирав кога и кај нас имаше неколку случаи каде што лица од политичката елита објавија фотографии како своите деца ги обучуваат да ракуваат со огнено оружје,“ вели Ѓурчески.
Тој додава дека статистиката покажува дека во Македонија има околу 20.000 легално издадено оружје( ловечко и пиштоли). Автоматското и полуавтоматското оружје е забрането, но темната бројка кога станува збор за оваа оружје е х3 од она што е легално, но кај огненото оружје тоа е и до х10, х20 пати, плус.
„Значи се претпоставува дека преку 600-700.000 парчиња оружје не е собрано и тоа се наожа кај граѓаните, а дел од тоа оружје го злоупотребуваат и организираните криминални групи особено нарко бандите, коишто често прават вооружени престрелки. Уште повеќе загрижува фактот што на одредени политички партии по завршување на било кој изборен циклус има масовна употреба на огнено оружје и лицата коишто го злоупотребиле не се санкционираат соодветно, нема одземање на оружјето ниту поднесување на соодветен поднесок спрема Ј.О. Оружјето останато од 2001 година, политичките елити не дозволува да не се собере. Политичките влијанија, блискоста на Политичките партии и политичките лидери со подземјето, односно со криминалните групи ја попречува Полицијата “ вели Ѓурчески.
Тој смета дека во Македонија многу лесно може да се набави оружје, како што лесно се набавуваат наркотички средства. Цените на пиштолите се движат од 300 до 1000 евра, за онаа со овални цевки и до 3000 евра.
Според него и на родителите и на децата им фали едукација.
„ТРеба да има барем десетина наставни часови, каде што ќе се запознаат со огненото оружје и да им се овозможи да имаат едно пукање со воздушна пушка, “ вели Ѓурчески при денешното гостување во емисијата Стадион. Тој зборува и за потребата од поригорозни мерки кога се издаваат дозволи за поседување на оружје.
Проследете ја емисијата на линкот во продолжение