„Знам“ е круна на долгогодишното пријателство меѓу Калиопи и ЖељкоСамарџиќ, а беше промовирана денес. Автор на песната е Ромео Грил, а само тој може да направи вакви емотивни шесни.
За разлика од баладите, кои претежно се тажни, ова е песна со среќен крај и во неа може да се пронајдат сите.
Песната е отпеана на српски јазик, па оттаму и иако е ептен тазе, сепак, од ден на ден се зголемува бројката на Јутјуб прегледи.
Оваа песна кога тогаш морала да се случи, со оглед на тоа што Калиопи и Жељко пред 40 години првпат се сретнале во 1984 во Скопје, на југословенскиот Избор на песна за Евровизија. Тогаш Калиопи била придужен вокал на Маја Оџакливеска во песната „Ники, Ники“, а Жељко ја пеел мелодијата „Линда“ со групата „Рондо“.
Се до летово кога Калиопи настапувала во Будва.
-Се сретнав со Жељко, направивме селфи и му го испратив на Ромео и му реков: „Ние чекаме песна од тебе“. А тој сериозно го сфатил тоа. Не ни сонував дека еден ден нашите животи ќе ги пресликаме во песна. „Знам“ ќе ја вбројувам во мои три најомилени рефрени, заедно со „Бато“ и „Црно и бело“ – ни откри Калиопи.