Хари Стајлс ги воодушевува своите австралиски обожаватели додека настапува низ целата земја како дел од неговата Love On Tour.
На концертот во Бризбејн викендов, британскиот пејач (29) му помогна на еден млад човек да ја запроси својата девојка за време на шоуто.
Ѕвездата го прекина својот концерт на половина за да му даде микрофон на Стеван Филипоски за да може да ја запроси Кони Морисон, пишува dailymail.co.uk.
Еден од посетителите на концертот сподели клип од неверојатниот момент на ТикТок, при што видеото стана вирално и доби повеќе од 193.000 лајкови.
Во клипот, Хари изгледаше прилично возбудено додека гледаше како Стеван ја запросува.
Кони рече „да“ и публиката аплаудираше додека се бакнуваа.
Еден обожавател коментираше на видеото на ТикТок: „Никогаш не го оставам мојот човек ако Хари Стајлс го благослови нашиот брак“.
Стеван додал дека Хари го прашал дали е „сериозен“ во врска со запросувањето пред да му го даде микрофон.
„Помина покрај мене ми намигна, кимна со главата и ми рече: „Дали си сериозен? Сакаш да продолжиш?“ реков: „Да“. Дефинитивно ова е моментот.’
Кони откри дека тоа не било наместено и било само спонтана одлука.