Анимирана графика на Тикток објавена на профил посветен на мониторинг на земјотреси покажува колку потреси всушност се случиле во тој регион и колку простор покривале.
Таму се наведува дека имало 182 бранови од најинтензивните до бавното смирување на тлото.
Турција во раните утрински часови во понеделникот беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Еден час подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те погодени провинции и објави дека загинале 3.549 лица. Се уште се трага по многу лица.