Осумгодишно девојче, ќерка на богат индиски трговец со дијаманти, одлучило да се откаже од своето наследство и да стане калуѓерка.
Одредени семејства во Индија ги продаваат своите ќерки за да може да си ги отплатат долговите, но ова девојче поради верата се откажало од милионско наследство. Станува збор за Деванши Сангви од Индија, која требала да наследи богатство од 61 милион долари. Таа се откажа од сите „овоземски задоволства“ и одлучила да стане калуѓерка.
Деванши требала да ја наследи златарницата чии сопственици се токму нејзините родители, а седиштето на компанијата се наоѓа во градот Сурат во Индија. Меѓутоа, девојчето одбрало живот во религиозна самотија и почнала да го изучува „Џаинизмот“ планирајќи да стане калуѓерка.
Членовите на семејството на Даванши исто така се следбеници на џанаинзмот, мала, но древна индиска религија која проповеда ненасилство, строго вегетаријанство и љубов кон сите суштества – пишува Гардијан.
Религиозните научници потврдуваат дека со текот на годините се зголемува бројот на луѓето кои се приврзаници на оваа религија откажувајќи се од материјалните работи, но случаите кои вклучуваат деца на возраста на Деванши, се уште се невообичаени. Десетици илјади луѓе присуствуваа на церемонијата на која девојчето го изговори заветот за одрекување, во присуство на своите родители.
Својата раскошна облека ја замени со едноставно бело сари и целосно ја истрижи својата долга коса.
„Веќе не може да биде дома, родителите не ѝ се веќе родители, таа сега е калуѓерка, а животот на овие калуѓерки е прилично тежок. Сега ќе мора сегде да оди пеш, не смее да користи никако превоз, ќе спие на бела постелнина на подот и не може да јаде по заоѓање на сонцето. Ќе живее од парите кои ќе ги добие како милостина на улица“, изјавила пријателка на семејството.
Даванши е една од најмладите кои ја прифатиле ваквата церемонија откажувајќи се од своите материјални добра. Нејзините родители пак, тврдат дека таа секогаш била духовно настроена.
„Деванши никогаш не гледала телевизија или филмови, не одела во трговски центри и ресторани. Таа се молела три пати дневно и почнала да пости на двегодишна возраст“, известија тамошните медиуми.
Многумина се прашуваат зошто семејството на почекало таа да стане полнолетна пред да донесе таква важна одлука во свое име. Откако беше објавена оваа вест, многумина го критикуваа семејството на социјалните мрежи и упатија критики дека се кршат правата на детето. Националната комисија за заштита на правата на децата изјави дека тие не сакаат да се мешаат бидејќи се работи за чувствителна тема. Сепак активистите тврдат дека во овој случај има повреда на детските права.