Марија Брањас Морера е родена во Сан Франциско во 1907 година и се преселила во Шпанија во 1915 година за време на Првата светска војна и непосредно пред епидемијата на шпански грип, според Гинисовата книга на рекорди.
Денес, оваа Шпанка родена во Америка ја носи титулата најстар човек на светот. Таа живее во Каталонија и вели дека својата долговечност ја припишува на „уредниот живот кој е општествено многу пријатен“.
„Мислам дека долговечноста е да се биде среќен. Среќен и да се има добра генетика“, рече таа.
Таа исто така истакна дека е важно во животот да се држите подалеку од токсичните луѓе, пренесува „Скај њуз“.
И покрај возраста, Мореира користи Твитер, иако со помош на нејзината ќерка, пишува Гинисовата книга. Во нејзината биографија има цитат „Стара сум, многу стара, но не сум идиот“.
„Животот не е вечен за никого“, гласи еден од нејзините преведени твитови.
View this post on Instagram
A post shared by Guinness World Records (@guinnessworldrecords)
„На мои години, новата година е подарок, скромна прослава, нова авантура, убаво патување, момент на среќа. Ајде да уживаме во животот заедно“, рече таа.
На возраст од 115 години и 328 дена од четвртокот, оваа прекрасна баба го презеде рекордот минатата недела по смртта на француската калуѓерка Андреа, која имаше 118 години.
Морера и нејзиното семејство се преселиле во Шпанија осум години по нејзиното раѓање. Нејзиниот татко се заразил со белодробна туберкулоза при крајот на нивното патување со брод и починал, според Гинис. За време на патувањето, Марија паднала додека си играла со своите браќа, што резултирало со трајно губење на слухот на едното уво.
Патувањето беше променето и со Првата светска војна, што значеше дека нивниот брод тргнал на заобиколување преку океанот.
Después de la muerte de la francesa Lucile Randon, la nueva persona viva más longeva del mundo es María Branyas Morera (nacida el 4 de marzo de 1907 en Estados Unidos), de 115 años y 319 días, vive en la ciudad de Olot, Cataluña, España. pic.twitter.com/wdJGWE2Sn2
— LongeviQuest Supercentenarios (@Supercentenaria) January 17, 2023
„Поради војната, Германија сè уште го напаѓаше северот, а вие не можевте да поминете низ нордиските мориња, но ние можевме да одиме подолу, преку Азорските Острови и Куба“, изјави таа за „Каталон њуз“ за променетата рута на бродот.
Семејството се населило во Барселона во 1915 година, неколку години пред епидемијата на шпански грип во 1918 година. Морера, исто така, ја преживеала Шпанската граѓанска војна во 1936 година, што и оставило „многу лоши спомени“, рече таа, според агенцијата.
Таа помина 40 години во брак со шпанскиот лекар Хуана Морета, а според Гинис имаат три деца, 11 внуци и 13 правнуци.
Таа и денес е здрава, изјавија за Гинис нејзините старатели во установата „Резиденција Санта Марија дел Тура“, иако таа стана најстарата личност во светот што се заразила со ковид во 2020 година на 113-годишна возраст.
„Таа е во добра здравствена состојба и продолжува да биде изненадена и благодарна за вниманието што го предизвика оваа годишнина“, се вели во соопштението.
Извор: Блиц.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб