Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциск.
Папата Франциск е положен во едноставен дрвен ковчег, со бројаница меѓу рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, еден ден откако почина од последици од мозочен удар во неговиот апартман во Домот Света Марта.
Покрај ковчегот се наоѓаат швајцарската гарда и кардиналот Пјетро Паролин.
Телото на папата Франциск сè уште се наоѓа во Домот Света Марта, каде што закрепнување по повеќе од еден месец поминат во римската болница Гемели, поради пневмонија.
Според планот, телото утре ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар, за верниците да можат да му оддадат почит.
Погребот на папата Франциск треба да се одржи помеѓу петок, 25 и недела, 27 април, а точниот датум ќе биде потврден денеска на првата општа конгрегација на кардиналите во Рим.
Во согласност со неговата желба изразена во тестаментот, папата Франциск ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре.