Здравко Чолиќ ќе одржи концерти на 2, 3 и 4 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје откако беа одложени настаните од 18, 19 и 21 март поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Третиот концерт првично требаше да биде во салата „Јане Сандански“, но во новиот термин има промена на локацијата, па и тој ќе се одржи во „Борис Трајковски“. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.