Претседателот на Бугарија Румен Радев пред новинарите изтурината изјави дека продолжува помошта за Македонија и дека трагедијата покажува дека луѓето од двете страни на границата можат и треба да се потпираат еден на друг.
Радев кажа дека авионот „Спартан“ е подготвен да полета до Македонија и да пренесе уште 10 повредени од пожарот во дискотеката во Кочани. Останува овде да се одлучи дали повеќе повредени ќе испрати на лекување во Бугарија.
Претседателот на Бугарија им се заблагодари на бугарските медицински тимови и воениот персонал за брзата реакција и професионалноста во транспортот на повредените и давање специјализирана медицинска помош.
Во Софија, Пловдив и Варна се пренесени 14 повредени, млади лица кои настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Попладнето се очекува министерот за здравство Арбен Таравари да ги посети македонските пацинети коишто се лекуваат во болницата „Пигоров’ во Софија.
Извор: BGnews