Наставничката Елена Накова од Злетово со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.
Таа напиша:
-Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако видендот беше далеку, рече наставничката Елена Накова од Злетово и додаде:

-Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите ! Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејки ние за Вас имаве и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуват како што и вашата присутност мегу најбиските, напиша наставничката.