Во вчерашниот пожар во дискотека во Кочани загина тапанарот на бендот, Горги Горгиев од Струмица, кој е роден во 2000 година.
На Фејсбук веќе блиски роднини и пријтели се простуваат од Горги, а межу нив е и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, која, како што напиша, сите болници ги пребарле.
-Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца, напиша тој.