Според сознанинајата на Телма дискотеката Пулс работела низа години. Се менувале нејзините сопственици, а до 24 март и важела лиценцата за работа. Меѓу приведените, според извори на Телма е и актуелниот сопственик на дискотетката.
На прашањето кој дозволил да има дискотека во куќа која е со решетки на прозорите и е веднаш до други куќи, Тошковски побара да и се дозволи на МВР да ја заврши најпрвин истрагата со цел да се утврдат фактите со цел како што повтори да се утврди точната одговорност.
Кочанчани велат дека оваа дискотека претходно била продавница за теписи, потоа санала дискотека.
Многу пршања треба да се одговарат деновиве иако, за жал, ниеден одговоро нема да ги врати животите на децата.