Викендов, на 15ти и 16ти март, ќе се одржат аудициите за фестивалот за детски песнички „Весело Штурче“.
- Наши дечиња и идни штурчиња, Ве покануваме оваа сабота и недела (15 и 16 март) да дојдете на Вашиот термин за аудиција за новиот Фестивал на песни за деца „Весело Штурче“ – Штип кој ќе се одржи во септември 2025 година. Аудицијата ќе се одржи во Дом на млади Штип. Ваше е само да научите песничка задолжително од Весело Штурче, да бидете позитивни, расположени и да се забавуваме сите заедно, стои во објавата на фестивалот.

