На плоштад во Скопје минувачите забележаа маж залепен со дебел слој самолеплива лента на металната градска светилка.
Оваа вчудоневидувачка и невообичаена глетка минувачите ја споделуваа на социјалните мрежи.
Според пишувањето кога го прашале зошто направил вака тојрекол дека нема да каже додека не дојдат сите новинари.
Но, подоцна стана јасно дека ова е герила акција на „Support Kocani“ за да се предизвика внимание за помош на настраданите во Кочани.
Залепен за бандерата бил Мартин, кој како што рече, во пожарот му загинале пет другари.
-Се обраќам до големите. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Па ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Дај да биде ова приме за да направиме нешто за Кочани, кажа Мартин.
Тој рече и декакога го прашале „нема ли да ти биде срам да бидеш врзан“ им одговорил „јас секако сумдуховно врзан“.