Петок, 28.02.2025 година
Ви го најавуваме големиот спектакуларен солитички концерт на нашата фолк ѕвеза Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, кој ќе се одржи на 22 март во Македонската Опера и Балет во Скопје со почеток од 20:00 часот.

„Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба со мене го поставуваа прашањето кога ќе се организира еден голем концерт во Скопје и еве со задоволство можам да истакнам дека тој ден е 22 Март“, вели Влатко Миладиноски.

Не ја пропуштајте можноста да ги слушните безвременските хитови „Велат не нема”, „Ај да ојме Јано“, „Од таму се гледа Македонија“, „Ајде да си речиме една песна“.
Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од само 500,00 денари, а како дополнителен адут на вечерта, организаторите најавуваат специјални музички гости, чии имиња засега остануваат во тајност.
Контакт број за влезници и информации на 078 326 139 и онлине на mktikets и на нивните продажни места.