На 26 февруари успешно се одржа уште едно вирутелно патување – шесто по ред од Караванот на мајчинство кој го организираат dm и Матрона. Оваа обука беше посветена на важни теми како што се: ,,Психолошки промени што се јавуваат во текот на бременоста и по породувањето“ и ,,Совети од педијатар: како до подобар имунитет кај децата?“ и собра повеќе од 130 учесници во една инспиративна и поддржувачка средина.

На виртуелното патување, учесниците имаа чест да слушнат од два врвни експерти: Прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и м-р Марија Стојкоска-Василевска, психолог. Нивното знаење и искуство беа од непроценлива вредност за сите присутни, а атмосферата беше исполнета со позитивна енергија и отвореност.
Обуката не само што ги осветли важните аспекти на бременоста и родителството, туку и создаде простор за дискусија и размена на искуства. Учесниците активно се вклучија, поставувајќи прашања и споделувајќи свои приказни, што доведе до создавање на чувство на заедништво и поддршка. Оваа интеракција е од суштинско значење за секоја мајка и сите идни родители, бидејќи во овие моменти на неизвесност, знаењето и поддршката од другите можат да направат разлика.

Со нетрпение ги очекуваме идните обуки на овој караван, кој ќе продолжи да пружа поддршка и знаење за сите мајки и идни родители. Заедно со dm и Матрона ќе создадеме безбедна и инспиративна средина за растење и развој на децата!