По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вчера вечерта официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера.
Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вчерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.

Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на македонската Кошаркарска федерација на Дамјан Стојановски му подарија врачен дрес со бројот 19.
-Дамјан Стојановски замина во репрезентативна пензија по 20 години поминати во дресот во националните бои. Дамјан, ти благодариме за сѐ, реко од КФМ.
Дамјан Стојановски дебитираше за Македонија пред 20 години и беше дел од генерацијата која на Европското првенство во 2011 година го освои четвртото место.