Точно една седмица нѐ дели од најавеното музичко патување и уживањето во звуците на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra – еден од најиновативните бендови од поновата генерација.
Музиката на БГКО е инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот и е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што овојпат нѐ очекува уште еднаш, по она во 2022 година, на 28 февруари во Филхармонија.
Творештвото и интерпретацијата на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинета и со интерпретациите на специјалната гостинка Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје.

Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор. БГКО е меѓународна формација составена од сицилијанската пејачка Маргерита Абита, која на членовите на Barcelona Gipsy BalKan Orchestra (БГКО) им се придружи во ноември 2019 година и донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина, Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон (кларинет, Шпанија), Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија), а во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…
И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе за новата скопска дружба со македонската публика подготвуваат уште изненадувања. Влезниците преостанати за овој концерт ги има во ограничен број, се продаваат по цена од 1000, 1200 и 1500 денари, и тоа преку продажната мрежа на mktickets.mk (https://mktickets.mk/event/bgko/).