Цеца Ражнатовиќ еднаш откри дека во нејзиниот дом имала непријатност со непознат маж.
Тој упаднал во нејзината куќа на Кипар додека пејачката престојувала во Белград. Непознат маж упаднал во гаражата на вилата и останал таму со објаснување дека Цеца му е сопруга.
На грозоморната сцена посведочила пријателката на Цеца, Валентина, која повремено ја посетува нејзината куќа на Кипар.
-Ми се јави Валентина и рече дека имам непоканет гостин во мојата куќа. Таа тогаш нјде лудак кој се преселил во мојата гаража и се претставувал како мојот сопруг. Навикната сум на манијаци, па тоа не ми беше хорор приказна, но Валентина беше преплашена. Уште глумел дека ми е маж, беше ужасно“, се присети Цеца на непријатната сцена, пренесува курир.рс.
Човекот кој го глумел покојниот сопруг на Цеца бил целосно гол во нејзината гаража.
-Кога таа го виде носел само крпа, бил целосно гол. Се исплашила и повикала полиција – рекла Цеца.
Фолк дивата истакнува дека и пред страшниот настан доживеала непријатни искуства од истиот маж.
-Не беше првпат тоа да се случи, еднаш реагираше полицијата. После тоа беше депортиран во Србија и се надевам дека повеќе нема да се појави – рекла Цеца.