Годината што измина за Голд Фелициа – компанија која е дел од КС Групација помина во знакот на успешното работење. Комплексот Голд Фелициа продолжи да биде водечка дестинација за забава и релаксација. Посветеноста кон квалитет, иновации и позитивен придонес за општеството беше потврдена преку различни успешни проекти и реализирани настани.
Во изминатите 12 месеци Голд Фелициа беше домаќин на голем број концерти на домашни и балкански изведувачи и групи со што се привлекоа голем број на гости. Во склоп на летниот фестивал кој втора година по ред го организираше Голд Фелициа настапија Ален Исламовиќ, Дарио и Миг 21, Сека Алексиќ, Аца Лукас, Драгана Мирковиќ, ДНК и Лозано, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Јелена Розга и Амадеус Бенд. Голд Фелициа е насочена кон редовна поддршка и афирмација на македонската музика.
Беа организирани и одржани два големи хуманитарни базари кои традиционално се одржуваат од самото отварање на комплексот. Велигденскиот и Новогодишниот базар не само што го збогатија календарот на настани туку и ја потврдија посветеноста на компанијата кон општествената одговорност. Изминатата година се прослави и третата годишнина од постоењето на компанијата.
Прославата на третиот роденден на Голд Фелициа беше спектакуларен настан за кој долго се зборуваше. Уникатното Кабаре Шоу по кое е препознатлив комплексот Голд Фелициа со својот професионален музичко-танцувачки тим беше вистински магнет за привлекување на посетители кои се вбројуваат во лојални клиенти кои редовно ги посетуваат Кабаре Шоута желни за незаборавни моменти. Во годината што измина се одржаа над 100 Кабаре Шоуа со бројна публика и одлични уметнички перформанси.
Учеството во општествено одговорни проекти и големиот број на спонзорства во периодот што помина се уште една потврда на ангажманот за активно учество на компанијата во подобрувањето на животот во општеството.
Во новата година Голд Фелициа ќе продолжи со реализација на својата поставена цел – да стане лидер во својата област. Ќе продолжи да се развива, да ги задоволува барањата на своите гости и да дава значајни придонеси во општественото живеење. Голд Фелициа им се заблагодарува на сите кои беа дел од успешната година и се радува на сите нови можности кои и престојат.