Германија ќе се обиде „да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита“ одлуката за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО), изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.
„Најавата на новиот претседател на САД дека се повлекува од Светската здравствена организација (СЗО) е сериозен удар за меѓународната борба против глобалните здравствени кризи“, рече Лаутербах.
Трамп синоќа во Белата куќа ја потпиша извршната наредба за повлекување од СЗО, само неколку часа по преземањето на функцијата.
„Светската здравствена организација нас не ограбува. Сите ги ограбуваат САД, но тоа повеќе нема да се случи“, рече Трамп.
Според СЗО, САД се најголемиот донатор и партнер на организацијата. САД обезбедија милијарда и 284 милиони долари во 2022 и 2023 година.
Во 2020 година, Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусоит и дека е марионета на Кина. На неговиот прв ден како претседател во 2021 година, Џо Бајден ги врати САД во СЗО. МИА