Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани.
Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша.
Американски медиуми јавија за голем број на куќи во пламен.
Thousands of Los Angeles residents stuck in traffic as they try to evacuate the #SlymarFire #HurstFire #PalisadesFire #EatonFire #PacificPalisades pic.twitter.com/8HdGLsj8VG
— CAL WIRE (@calwireupdates) January 8, 2025
Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток. Во комбинација со ниската влажност и сува вегетација поради недостаток на дожд, условите се исклучително опасни, објавија властите.
Nightmare Fuel
Two men and a dog trapped in a home surrounded by the Palisades fire. pic.twitter.com/YDCkFmLNbH
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) January 8, 2025
Гувернерот Гевин Њусом рече дека државата почнала да ги преместува ресурсите за гаснење пожари од северна кон јужна Калифорнија уште во саботата поради временските предупредувања. Многу од тој персонал, противпожарни возила и авиони останаа на позиции на друго место во Јужна Калифорнија поради опасноста од пожар за поширокиот регион, додаде тој. МИА