Си-Ен-Ен објави невообичаена љубовна приказна за Македонец и Полјачка. Се започнало кога се сретнале на одмор во Грција, кога биле тинејцџери.
Владо Димовски имал 18 а Ига Олзак имала 16 кога за прв пат се сретнале во 2005 година во кампот Скотина во близина на Катерини, во Грција.
-Си поминувавме нвистина убаво. Но, јас сè уште бев во средно училиште и живеевме многу различни животи во различни земји и немаше шанси да имаме иднина, рекла Ига.
Додека биле на одмор се дружеле, а потоа продолжиле д комуницираат преку мејлови, бидејќи во тоа време немаше социјални мрежи. Но, после испаќање на стотина мејлови, како што раскажуваат тие, далечината си го направила своето, претанале да се допишуваат, па и двајцата запловиле во други врски. Престанале да се допишуваат, па Ига се омажила, а по една година се развела.
Но, со појавата на социјалните мрежи тие се пронашле на Фејсбук. Се пронашле на различни дестинации. Ига живееле во Германија, а Владо во Америка.
Во 2009 година Ига дошла во Македонија и му напишала порака на Владо, доколку може да се сретнат. За жал, како што раскажува Владо, и кажал дека е во Америка, но дека идеата за средба му се допаднала. Па кога решил да дојде во Македонија, прво слетал во Германија кај Ига.
-Таа изгледше неверојатно. Беше толку убаво да се разговара со Ига, рекол Владо.
„Денот кога дојде беше многу, многу, многу возбудливо“, рекла Ига и додала: „Му правев палачинки од банана. Се разбудив уште во пет. Сакав да му направам појадок затоа што патуваше цела ноќ“.
Таа средба била пресвртница во нивниот живот, па одлуката паднала Ига да замине во САД. Еден период живееле заедно, како што велат, тоа било време на прилагодување, но по некое време, кога починала баба му, Владо морал да дојде во Македонија.
-Тогаш решив дека кога ќе се вратам во Америка ќе ја побарам за жена. Заминав со моите пријатели во истиот камп каде се сретнавме со Ига и направив видео од таму. На песокот на плажата напишав „Ќе се омажиш ли за мене“. И го пуштив видеото, така ја побарав за жена, вели Владо.
Љубовта завршила со брак, во кој во во 2018 година го добиле синот Лука, а една година подоцна и ќерката Клара.
Фото: Приватна архива/ Фејсбук