Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 17 и 18 декември изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе на ЈЗУ УК за Детски болести Скопје.
Во соопштението од ДСЗИ, а врз основа на извршениот увидот во медицинска документација (истории на болест, упати и специјалистички извештаи) и изјавите од докторите кои учествувале во лекувањето, констира дека седуммесечното бебе прв пат во ЈЗУ УК за Детски болести Скопје било донесено на 09.12.2024 година заради висока температура и осип по целото телото од пред една недела.
– Првично детето е прегледано од страна на специјализанти, во консултација со доктор специјалист и упатено е на дополнителни испитувања на Инфективна клиника, Клиника за дерматовенерологија и во Биохемиска лабораторија при Детска клиника. По добиените резултати и препишаната терапија, испратено е на домашно лекување со насока за контрола кај матичен лекар и по потреба на Детска клиника. На 11 декември во вечерните часови, детето повторно е донесено на клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија, се вели во соопштението од ДСЗИ, од каде додаваат:
-По стабилизирање на состојбата повторно е вратено на Одделот за неврологија каде престојувало неколку часа по што повторно е вратено на ОИНТ каде се направени дополнителни радиолошки, ехогравски и други лабораториски испитувања кои укажуваат на тешка општа состојба на детето која во вечерните часови на 15-ти декември завршува со егзитус. Во однос на надлежностите на ДСЗИ, а во врска со хоспитализацијата на седуммесечното бебе, од страна на ДСЗИ до ЈЗУ УК за детски болести ќе биде издадено решение со наредба за почитување на одредбите од член 226 од Законот за здравствената заштита за прием на пациенти за лекување на клиниката прегледани како итни случаи. Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување. Наведената законска обвска е казнива согласно член 306 од Законот за здравствената заштита заради што ДСЗИ ќе спроведе нова постапка за порамнување према правното лице ЈЗУ УК за дтески болести како и против одговороното лице во устрановата, информираат од ДСЗИ.
Истовремено Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вршењето на инспекцискиот надзор утврди потреба до министерот за здравство согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција како и член 296 од Законот за здравствената заштита, да иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на седуммесечното бебе.
-При надзорот исто така е констатирано дека на клиниката сеуште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, а за кое во ДСЗИ се води прекршочна постапка. И понатаму медицинска документација се креира и од страна на доктори кои не се присутни на работа или во дежурна амбуланта за што од страна на ДСЗИ е веќе издадено решение чии рокови течат, информираат од ДСЗИ.