Гранд Ауто како официјален импортер на автомобилскиот бренд CHERY со гордост објавија дека познатата македонска музичарка Сара Мејс станува официјален бренд амбасадор на CHERY во Македонија. Објавата беше направена на ексклузивна прес-конференција што се одржа на патувачкиот салон на Гранд Ауто, лоциран во East Gate Mall, Скопје.
Настанот привлече голем број присутни, вклучувајќи медиуми, фанови на Сара Мејс и посетители на трговскиот центар, кои беа дел од возбудливото соопштение за соработката помеѓу CHERY, светски лидер во автомобилската индустрија и една од најомилените македонски уметници. За време на прес-конференцијата, Сара Мејс ја изрази својата возбуда што стана дел од CHERY семејството, изјавувајќи:
„Пресреќна сум што станувам бренд амбасадор на CHERY автомобилите во Македонија. Она што мене ме карактеризира е стилот, а и иновативниот пристап. Модерниот дизајн и посветеноста на квалитет што ги носи CHERY се совпаѓаат со моите вредности и креативност. Со нетрпение ја очекувам оваа возбудлива соработка и патувања со мојата нова убавица.”
Објавата беше направена во импресивниот патувачки салон на Гранд Ауто, каде беа претставени најпопуларните модели на CHERY, вклучувајќи ги Tiggo 7 Pro и Tiggo 8 Pro. Присутните имаа можност одблиску да ги разгледаат овие напредни возила и да се запознаат со посветеноста на CHERY за иновации, перформанси и стил.
Гранд Ауто, официјален импортер на CHERY во Македонија, ја нагласи посветеноста на брендот за присуство на пазарот, истакнувајќи ја улогата на Сара Мејс како влијателна јавна личност која ја отсликува динамиката и модерниот дух на брендот.
„CHERY означува уште еден голем чекор во мисијата на Гранд Аутомотив, во Македонија и регионот при обезбедување на квалитетни и доверливи технолошко напредни автомобили. Возилата од брендот CHERY се потпираат на континуираниот стремеж кон технолошки иновации па затоа по повеќе од 20 години развој продажната и сервисна мрежа на Chery покрива повеќе од 80 земји и региони и ја освојува довербата на 9,5 милиони клиенти ширум светот. Сара Мејс не е само талентиран уметник, туку и симбол на извонредност и амбиција. Сигурни сме дека нејзината соработка со CHERY ќе ги инспирира нашите клиенти и ќе ја зајакне присутноста на CHERY на македонскиот пазар.” – изјави бренд менаџерот на Chery, Сергеј Никиќ.
Сара Мејс од денес ќе го вози средниот автомобил во моменталната понуда, преубавиот Tiggo 7 PRO. Овој автомобил се карактеризира со сите врвни безбедносни и технолошко напредни системи за да овозможи уживање и забава во возењето. Додека CHERY продолжува да го шири своето влијание во Македонија, партнерството со Сара Мејс претставува важна пресвртница која го приближува брендот до своите клиенти и поставува основа за идни успеси.
За CHERY автомобили
CHERY е водечки глобален производител на автомобили познат по својот напреден дизајн, современа технологија и посветеност на одржливост. Со присуство во над 80 земји, CHERY нуди извонредни возила создадени за задоволување на различните потреби на клиентите.
За Сара Мејс
Сара Мејс е една од најпознатите македонски музичарки. Позната по својот моќен вокал и динамична сценска присутност, оригинална во компонирањето и при своите изведби на харфата. Со бројни хитови и силна база на фанови, таа е вистинска икона на македонската музичка сцена.