Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани е прогласен за шампион во борбата против корупцијата за 2024 година од американскиот Стејт департмент.
-На свеченоста одржана во Стејт департментот, со присуство на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, првиот човек на СПАК се најде меѓу 10-те имиња за светски шампиони во борбата против корупцијата, објавија албанските медиуми.
Според нив „признанието му се доделува за напорите што ги вложил и вложува против корупцијата и организираниот криминал како прв човек на СПАК во Албанија”.
-Благодарение на Думани, денес СПАК е нај доверливата јавна институција во Албанија, изјавил меѓу другото Блинкен.
Стејт департментот, од 2021 година, на 43 лица им има додадено признание за нивните напори да ја поддржат демократијата и да промовираат одговорност во нивните земји.