Австралија ќе им забрани на децата под 16 години да користат социјални мрежи, откако нејзиниот Сенат ги одобри најстрогите закони во светот. Сепак, забраната нема да стапи во сила во наредните 12 месеци. Донесениот закон предвидува строги казни за технолошките компании – до 32,5 милиони долари доколку не се придржуваат до законските одредби.
Австралискиот премиерот Ентони Албанес кажа дека неопходно е донесувањето на законот со цел за да се заштитат младите од „штетите“ на социјалните медиуми, нешто што е став на многу родители.
Законот не прецизира кои платформи ќе бидат забранети. Тоа ќе биде задача на австралискиот министер за комуникации во договор со Комесарот за eSafety – интернет регулатор кој ќе ги спроведува правилата.
Платформите за игри и пораки се ослободени, како и сајтовите до кои може да се пристапи без сметка, што значи дека YouTube, на пример, најверојатно ќе биде поштеден.
Противниците на законот сметаат дека отворени се прашањата за тоа како ќе функционира забраната, но пред се’ и нејзиното влијание врз приватноста.
Откако законот денеска беше усвоен во Сенатот, решението ќе се врати во Претставничкиот дом – каде што владата има мнозинство што значи дека сигурно ќе помине – за да ги одобри амандманите, пред да стане закон.
Ова не е прв обид на глобално ниво да се ограничи користењето на социјалните медиуми од страна на децата, но вклучува највисока старосна граница поставена од која било земја и не вклучува исклучоци за постоечките корисници или оние со родителска согласност.