Автобус што превезувал гости дома од свадба се урнал во река во северен Пакистан, при што загинале најмалку 14 луѓе, соопштија властите, а единствената преживеана е невестата.
„Во автобусот имало 25 луѓе, а досега се извлечени 14 мртви тела, додека 10 се водат како исчезнати“, изјави Вазир Асад Али, претставник на спасувачките служби во Гилгит-Балтистан.
„Невестата е надвор од животна опасност и е згрижена во болница во Гилгит“, додаде Али.
Семејството на младоженецот патувало од Пенџаб, повеќе од 500 километри за венчавката и се враќале дома кога се случила несреќата. МИА