Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на својот Фејсбук профил објави дека на службениот мејл добил порака со закана по животот.
Тој смета дека порката пристигнала по вчерашната изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.
-Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ и ја содржи оваа порака: „Нема да се сменат 20-те проценти, туку се шиптарско ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете, мртов шиптар, добар шиптар, смрт за шиптари“,напиша Фетаи на Фејсбук.
Тој напиша и дека за ова лично го информирал министерот Тошковски.
-Лично го известив министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, барајќи мерки за лично обезбедување. Тужбата е во подготовка, бидејќи заканите и екстремистите треба да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според важечките закони, напиша тој.