По барање за вонреден инспекциски надзор, поднесен од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, овластен градежен инспектор констатира дека објект во самиот центар на градот, во старата струшка чаршија, се гради незаконски и спротивно на Законот за градење. Инспекторот издаде Решение за стопирање на градбата и издаден е рок за усогласување од страна на инвеститорот.
-Левица и претходно алармираше дека инвеститорот узурпира и земјиште во сопственост на државата, но од Државното правобранителство засега нема реакција – иако токму овој орган е надлежен да ги застапува и брани интересите на државата.
Левица апелира ОВР – Струга веднаш да иницира постапка за кривично дело Бесправно градење и ОЈО Струга да поднесе обвинителен акт. Ја известуваме јавноста дека Левица ќе продолжи да го следи овој случај, со цел истиот да не се заташка и повторно да никне уште една дивоградба во срцето на старата Струшка чаршија, информираат од партијата.