Уште една голема ѕвезда од светот на шоу-бизнисот ја поддржа Камала Харис за претседател на САД.
Говорејќи на предизборниот митинг на Харис-Волас во Лас Вегас во четвртокот вечерта, актерката и пејачка Џенифер Лопез остро ја критикуваше навредливата шега направена на митингот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Њујорк, нагласувајќи го нејзиното порториканско наследство и ја повика латиноамериканската заедница да гласа.
„Трамп постојано работи на тоа да нѐ подели. Во Медисон Сквер Гарден нè потсети кој е навистина и што навистина чувствува. Не беа само Порториканците кои беа навредени тој ден – сите Латиноамериканци во оваа земја, тоа беше навреда за човештвото и за секој со пристоен карактер“, рече Лопез со силен аплауз од публиката.
Појавувањето на Лопез на митингот Камала Харис во Лас Вегас е особено важно во време кога расте гневот поради коментарите на комичарот Тони Хинчклиф, кој на митингот на Трамп во неделата вечерта го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубре“.