конференција со поглавјето Судски систем и основни права“ ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември.
Пред почетокот на конференцијата министерот за надворешни работи на Унгарија, земја претседавач со ЕУ, рече дека проширувањето е на врвот на приоритети на нивното претседателство.
-Еден од најзначајните приоритети на Унгарското претседателство што го ставивме на врвот на агендата е проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Ние живееме во соседството и многу добро ја знаеме разликата со развојот, сфаќаме дека ЕУ интеграцијата може да помогне во развој на земјите и мировната ситуација од Западен Балкан. Поради тоа се обидуваме да направиме се’ да помогнеме во интеграцијата на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Албанија. Затоа сме горди што во текот на Унгарското претседателство се одржува оваа меѓувладина конференција, изјави Сијарто.
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека очекувањата е Албанија да биде подготвена до 2030 година.
-Европската Унија и Европа се единственото место каде што сакаме да бидеме. Единственото место што сакаме да им го оставиме на идните генерации. Овој момент е посебен, благодарение и на Владимир Путин, кој ги разбуди најскептиците, кој ги натера да се разбудат, да ја видат реалноста и да видат колку е потребен Западен Балкан за ЕУ, исто како што ЕУ е неопходна и за Балканот “.
Албанија и Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел.
-Европската комисија очекува почеток на преговорите за проширување што е можно поскоро со Албанија, како и со Северна Македонија, откако ќе се исполнат барањата одобрени од Советот на ЕУ, изјави портпаролот на Комисијата во септември по повод одлуката да ги раздвои двете балкански земји во преговарачкиот процес.
Во првата фаза од преговорите се вклучени поглавјата „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права“, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола“.
ММС/МИА