Уснија Реџепова почина на 1 октомври 2015 година по битка со тешка болест, а денес многу нејзини колеги ја заборавија.
Нејзиниот брат Решад Реџепов сега раскажа што се случило со куќата на пејачката во Белград и нејзините работи.
„Во моментов сум во Скопје. Продадена е куќата во Белград каде што живееше. Во Белград веќе немаме ништо, се е во Македонија“, рече тој во емисијата „Премиер – викенд специјал“.
Тој откри и што се случило со личните работи на Уснија.
„Не се продадоа. Дониравме неколку перики што ги остави на децата болни од рак во Белград“, рече Решад.
На крајот, тој кажа и дали колегите на Уснија го негуваат нејзиниот спомен.
„Не можам да се пофалам дека премногу се грижат за било што. Тажно е затоа што некои луѓе со кои се дружела не ме ни прашуваат како сме“, заклучил тој во емисијата.