Бројни истражувања покажаа дека жените од Арабија имаат најсовршена кожа, а наводно тоа што им помага е серумот чиј рецепт се пренесува од генерација на генерација.
Една од попознатите арапски жени кога станува збор за нега на кожата, која ја следат стотици илјади луѓе, Езги Аслан, често споделува со своите следбеници совети и рецепти за производи кои ја прават кожата на лицето толку совршена.
Познато е дека жените од овој дел на светот изгледаат младешки и на 50 години, а наводно тајната е во серумот што го користат со генерации.
Првата од двете мистериозни состојки е маслото од смола од темјан, кое има ефект на затегнување на кожата и намалување на порите, а арапските жени го нарекуваат „фонтана на младоста“.
Другата состојка е рицинусово масло и овие две во тандем делуваат магично. Треба да додадете 10 до 15 капки масло од смола од темјан на една лажица рицинусово масло. Единствениот проблем е што ќе биде многу тешко да се најде масло од смола од темјан, а исто така е важно да се знае дека тоа не е есенцијално масло.