Како што јавува ТВ21 исплашени и испаничени патници и скршиле прозорците од автобусот со кој патувале за да избегаат, бидејќи во автобусот на туристичката компанија „Ројал травел“, кој се враќал од Грција, се појавил чад.
Настанот се случил во близина на Велес, вработенитекажале на патниците да излезат од автобусот, но бидејќи во тој момент вратите не биле отворени патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.
Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот ги повикал да излезат од автобусот, но во тој момент вратите не биле отворени, по што патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.
Повеќето од патниците биле на возраст под 18 години.
Според неофицијални информации на ТВ21, станува збор за автобус на компанијата Беса Транс (по ново Ројал травел).