Отец Гојко Перовиќ раскажал една поучна приказна од манастирот Острог, која не потсетува колку лесно паѓаме во замката да ги судиме другите, често врз основа на површни впечатоци.
Еден ден, еден млад човек влегол во манастирот носејќи лименка со сок, што го шокирало свештеникот.
Од позиција на свештеник, се чинело несоодветно да се внесе лименка во светилиштето, а внатрешниот глас го осудил момчето, чудејќи се како може да постапува толку несовесно на свето место.
-Но, си велам: „Ајде, ништо нема да му кажам да не се караме сега!“, па ако навистина почне да ја става таа лименка, тогаш ќе реагирам, рекол отец Гојко.
-Тој оди со таа лименка, доаѓа кај мене и јас во себе си велам: „Магаре, те научи ли некој како да влезеш во црква?! Па, дали е можно да не знае дека не треба да ја носи таа лименка на моштите на Свети Василиј?! Па, каде ти е мозокот!? Дали си глупав, дали си луд.”, Сето тоа јас во себе си го велам.
Но, младиот човек се свртел кон отец Гојко и го прашал: „Оче, дали е жешко? Кога свештеникот потврдил, момчето муја понудил лименката сок да се освежи.
Тој едноставен чин на љубезност целосно го разоружал свештеникот и му одржал важна лекција – лесно е да сео суди некој без вистински да се разберат неговите намери.
Отец Гојко се осврнал и на Христовата реченица: „Не судете, за да не бидете судени“, нагласувајќи дека никогаш не можеме да ја дознаеме вистинската состојба на нечие срце.