Поп ѕвездата Лана Дел Реј се омажи во Луизијана за Џереми Дуфрен, кој се занимава со егзотична работа, туристички водич со алигатори.
Дел Реј и Дуфрен беа во врска неколку години, а во четвртокот се венчаа во Дес Алеманд, Луизијана, во близина на местото каде што Дуфрен работи како туристички водич, јавуваат американските медиуми.
A video above Lana Del Rey’s wedding yesterday! pic.twitter.com/TFMCG6y6VN
— LDR Crave (@LDRCRAVE) September 27, 2024
„Свадбената церемонија и приемот се одржале на истиот залив каде Џереми организира обиколки со брод низ мочуриштата“, објави во петокот магазинот Пипл, цитирајќи извор.
Дел Реј јавно не ја коментираше венчавката.
Судските документи до кои дојде Би-Би-Си велат дека пејачката на венчавката го користела вистинското име Елизабет Вудриџ Грант.
Двојката се запознала во 2019 година, кога пејачката објавила фотографии од турнеја со алигатори и напишала на својата Фејсбук страница: „Џереми, дозволете ми да бидам капетан на Arthur’s Air Boat Tours x“.
This is the most Lana Del Rey marriage to ever exist pic.twitter.com/ev8Xft5mmo
— Ollie 🥥🌴 (@lowbythebeach) September 27, 2024
Тие беа видени минатото лето заедно на фестивалите во Ридинг и Лидс, каде што Дел Реј беше една од главните ѕвезди, и во Лондон, пренесува јутарњи.хр.