Компанијата за лиценцирање музика, „ППЛ“ (PPL) ја прогласи поп-рок групата „Колдплеј“ (Coldplay) за најслушаната британска група во 21 век.
Поп-составот од Лондон, што го сочинуваат пејачот Крис Мартин, Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, е присутен илјадници пати повеќе на радио и ТВ во Обединетото Кралтво од класичните рокери „Квин“, кои се на второто место.
А пак, „најпуштаната“ песна на „Колдплеј“ е хитот од 2008 година – „Viva La Vida“.
Следат песните „Paradise“, „Clocks“, „Something Just Like This“ и „Adventure Of A Lifetime“.
Основан во 1990-тите, составот ужива трајна популарност и летово стана првиот бенд што како „хедлајнери“ или „главни ѕвезди“ го означија фестивалот „Гластонбери“ пет пати. Имаат вкупно девет албуми што екогаш се на врвот на топ-листите.
На трето место е „Тејк дат“ (Take That), четврти а женскиот состав „Литл микс“ (Little Mix), а „Битлс“ се петти. Следат рокерите од Манчестер – „Оејзис“ (Oasis), „Би-џис“ (Bee Gees), велшката група „Стереофоникс“ (Stereophonics), „Јујритмикс“ (Eurythmics) и на 10. место – „Ролинг стоунс“ (Rolling Stones).
Листата е составена врз основа на податоците за лиценците на „ППЛ“ за дозволена употреба на снимена музика на радио, ТВ и на јавни места – продавници, барови, пабови, ресторани, спортски сали, канцеларии.