Ураганот Хелена, четврта категорија, еден од најсилните на овој век, ја погоди Флорида, а засега никој нема извештај за точниот број на загинати или за материјалната штета што ја предизвика оваа катастрофа.
Со оглед на тоа што водата навлегуваше во многу домови и ги остави жителите без куќи, некои граѓани мораа да бидат снаодливи.
Жител на Флорида изјави за Си-Ен-Ен дека мислел дека бурата нема да биде сериозна. Така барем на почетокот му изгледало…
@mattfromhornblasters.com Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding
♬ Storm Coming – Once Monsters
„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на водата, одеднаш нивото почна да расте и водата влегуваше“, рече Хелер.
Тој сподели видео на социјалните мрежи како весла низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.
“Тоа беше мојот план ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба”, додаде тој.
@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE ♬ original sound – Matthew Heller
Тој додаде дека во минатото доживеал поплави дома, но ова е најголемата досега.
Подоцна, тој дури се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој издржал многу бури во текот на својот живот, пренесува телеграф.рс.