Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него.
-Од нас сакаат трпение. Ние не треба да изгледаме агресивни, бидејќи тактиката на нашите колеги од Северна Македонија е ние да бидеме виновни. Ние имаме потпишан Договор за добрососедство и никој не може да мрдне од него. Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Северна Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување. Ќе се обидам да ги убедам колегите да не делуваме емотивно, туку прагматично и разумно. Нели велат-„Одмаздата е најубава кога е студена“. Ние како држава треба да се држиме на висина, рече Борисов.