Полицијата информира дека на 22.09.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 78 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син И.Б.(55), кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 16.45 часот во СВР Скопје, 41 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54 – годишна сестра од Скопје.
Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.