„Во тек е онлајн вонредна седница на Владата и оваа одлука на Министерството за економија и труд е веќе помината на владина седница, министерот ќе има и прес-конференција. Ќе имаме вакви акции кои ќе траат по месец, месец и половина, два месеца во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво до 10 проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните”, вели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Претседателот Мицкоски посочи дека со оваа мерка се опфатени 100тина продукти се со цел да се подобри стандардот и да се олесни живејачката на граѓаните.
„Има таму 100тина продукти кои ќе бидат опфатени и така континуирано ќе носиме мерки со кои што ќе се обидеме стандардот на граѓаните го подобриме и да ја олесниме живејачката која што е така е тешка”, рече тој.