Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски во изјава за Сител телевизија вели дека со воведувањето на регистер за службените возила ќе се стави крај на злоупотребата, а автомобилите ќе добијат соодветни таблици кои што ќе се разликуваат од останатите.
– Ќе се воведе еден регистар каде ќе се водат сите државни и општински возила, ќе знаеме точно со каков возен парк располага државата и истите ќе добијат соодветни таблици, односно таблици во боја. Во случајов како што е со такси компаниите и дипломатските возила. Со тоа сметам дека ќе исполниме уште едно предизборно ветување кое што го имавме. Сите возила ќе бидат обележани со иста боја за да се разликуваат кои се приватни, кои се државни, изјави Томовски.