Најмалку 20 лица загинаа, а илјадници луѓе се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните дождови и невремето во земјите од Централна и Источна Европа.
Делови од источна и централна Европа се борат со бурата Борис.
Досега, десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови низ Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка, додека бројот на жртви се искачи на 20 – седум во Романија, по пет во Полска и Австрија, а три во Чешка.
Во понеделникот полската влада прогласи состојба на природна катастрофа во регионите во јужниот и југозападниот дел на земјата поради фактот што поплавите уништија бројни куќи и инфраструктура. Градови и села беа поплавени.
Погледнете ги страшните видеа од невремето: