Легендарниот музичар Џон Бон Џови направи подвиг за пофалба спасуваќи жена која сакала да се самоубие. Настанот, како што објави Дејли мејл, се случил за време на снимањето на спот во Нешвил. Музичарот и помогнал на жената која била на работ од пешачкиот мост.
Видеата ги сподели локалната полиција, а на нив се гледа како музичарот и приоѓа на жената која стоела на работ. По неколку минути разговор, жената се тргнала на побезбедната страна на мостот и го прегрнала музичарот.
Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.
На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената. Началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.
„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни. Благодариме на Џон Бон Џови и неговиот тим што и помогнаа на жената на мостот Зајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови, заедно со другите, помогнаа да ја убеди да се симне од работ на мостот што беше над реката Камберленд и да се врати на безбедно“, соопшти полицијата, а пренесува Дејли меjл.