Илон Маск, и се обрати на поп-ѕвездата Тејлор Свифт на социјалната мрежа „Икс“ предизвикувајќи реакции и коментари кои ја осудија содржината на пораката што тој ја објави.
– Добро Тејлор, победи … ќе ти дадам дете и со мојот живот ќе ги заштитам твоите мачки – напиша милијардерот.
Не е јасно дали бизнисменот (53) ѝ нудел да направи дете на Тејлор или да ѝ подари едно од неговите 12 деца, но неговата објава веднаш наиде на реакција кај обожавателите. Тој го објави ова откако Тејлор ја поддржа Камала Харис да се кандидира за претседател.
– Морничав си и вистински чудак – пишува еден корисник на „Х“.
Никој не го поддржува овој потег на Илон Маск.
По дебатата меѓу Камала Харис и Доналд Трамп, пејачката објави слика со својот мачор Бенџамин Батон и напиша дека ќе ја поддржи Камала и нејзината кандидатура за претседател.
Токму таа слика беше „бизарната“ каписла за Маск, но сепак – недоволно оправдана и веројатно алудирајќи на приказните дека пејачката е „жена што ќе остари со мачки“, како што многумина ја наведуваат причината, пишува „Пејџ сикс“.