Неверојатен инцидент се случи во синоќа во Игуменица, Грција кога мотоциклист се нашол очи во очи со неочекуван „патник“ на воланот на неговиот мотор.
Според thespro.gr, возачот додека се враќал од работа со моторот Вираго почувствувал ненадеен удар на раката.
Погледнал, додека мотоциклот бил во движење и сфатил дека змија се свиткува околу воланот, со главата потпрена на неговата рака.
И покрај неговата првична вознемиреност, мотоциклистот успеал безбедно да го запре мотоциклот и да се оддалечи.
Змијата се сокрила во машината. На местото на настанот веднаш излегле пожарникари од Противпожарната служба, кои со смиреност и професионалност успеале да го лоцираат и извадат рептилот.
Мотоциклистот, со видно олеснување им се заблагодарил на спасувачите и што за среќа, успеал да излезе неповреден од оваа необична авантура.