Претседаелот на Ракометната фецерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов потврди дека нема да биде кандидат за највисоката позиција на следното собрание.
Тоа ќе се одржи меѓу 15 февруари и 1 март 2025 година.
Мукаетов на функцијата од 9 март 2013 година и под негово водство македонскиот ракомет доживеа голем прогрес.
Пред Мукаетов, Ракометната федерација на Македонија ја предводеа Иван Бојков, Душко Кадиевски, Трифун Костовски и Михајло Михајловски.