Британката Рара Армстронг проговори за непријатностите што ги доживеала додека била на одмор во Шпанија со својот син (11).
Рара и нејзиниот син во мај годинава изјавиле дека се започнало на првиот ден, веднаш откако се пријавила на рецепција за престој во хотелот. Како што објаснила, кога стигнала во својата соба сфатила дека клучот не работи, па се вратила долу на рецепцијата за да го пријави инцидентот.
Но, наместо да брза да и го реши проблемот, рецепционерот ја повикал на кафе, а кога таа одбила, тој ноншалантно и го побарал бројот на мобилниот, пренесува курир.рс.
Бев изнервирана, тоа ми беше последното нешто на ум“, изјави Рара.
Сепак, приказната не завршува тука. Како што објасни подоцна, рецепционерот ги искористил информациите што ги оставила при резервирањето на собата и можел да ја најде на нејзината сметка „Only Fans“.
“Ми испрати порака во која пишуваше – Не можам да верувам дека си во Шпанија. Прашав дали се сретнавме на аеродромот и одговорот беше – Не, ти остана во хотелот во кој работам. Тоа ме шокираше”, рекла таа, а објави Дејли Меил.
Рара и напишала на рецепционерот дека и е многу непријатно, особено што била на одмор со своето дете, на што тој се извинил и ја замолил никому да не кажува што се случило.
Меѓутоа, неколку дена подоцна Рара излегла со синот на вечера, но кога се вратиле во собата, нашла шише Просеко. Таа веднаш сфатила за што се работи, па решила да му испрати порака на упорниот рецепционер и да открие дали тој е сторителот, на што тој само кусо одговорил – извини ако те вознемирив.
За среќа, Рара ја оставила вклучена камерата пред да оди на вечера, која решила да ја гледа откако пронашла шише алкохол во собата. Тоа што го виде на видеото, во најмала рака, ја шокирало.
На видеото може да се види како маж, елегантно облечен во кошула и панталони, влегува во нејзината соба, претура по нејзините работи, а потоа и ја зема долната облека која ја стави во џебот откако добро ја помириса.
„Се чувствував ужасно. Бев на одмор и не очекував вакво нешто“, изјави Рара.
Како што изјавила, последната ноќ од одморот ја поминала во друга соба и рано наутро со синот се вратила во Велика Британија. Неколку дена по завршувањето на одморот добила извинување од туристичката агенција преку која го резервирала сместувањето со информација дека рецепционерот е отпуштен.